Барања за земјоделски субвенции до 31 мај

Bez autora
May 18 2014

На 31-ви овој месец истекува рокот за поднесување барања за субвенции во земјоделството. Барањето се поднесува по електронски пат без доставување документи врз основа на претходно евидентирани податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни. Одгледувачите на говеда, овци, кози и пчели пред поднесување на барањето треба задолжително да ја проверат и по потреба да ја ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор. Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој апелираат до заинтересираните земјоделци кои се уште не поднеле барање да се обратат во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде што имаат регистрирано земјоделско стопанство за да поднесат барање во пропишаниот рок.

Барања за земјоделски субвенции до 31 мајНа 31-ви овој месец истекува рокот за поднесување барања за субвенции во земјоделството.

Барањето се поднесува по електронски пат без доставување документи врз основа на претходно евидентирани податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни. Одгледувачите на говеда, овци, кози и пчели пред поднесување на барањето треба задолжително да ја проверат и по потреба да ја ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор.

Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој апелираат до заинтересираните земјоделци кои се уште не поднеле барање да се обратат во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде што имаат регистрирано земјоделско стопанство за да поднесат барање во пропишаниот рок.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik